Вардар загуби на гостувањето кај екипата на Брест Мешков и го доживеа вториот пораз во ова натпреварување. Со комбинирана млада екипа, момците дадоа максимум, но сепак не можеа против поискусниот домаќин.
На прес-конференцијата после завршување на дуелот пред медиумите се обрати Билјана Црвенковска и Јана Војводиќ.
-Започнавме со висока самодоверба и го презедовме водството. Но не успеавме разликата да ја одржуваме подолго време, а Мешков тоа го искористи и изгради своја предност. Пристигнавме во Брест без речиси цел прв тим, па ротацијата си го направи своето. Играчите се уморија кон крајот на мечот, а загубените топки беа дел од нашата игра повеќе отколку што требаше, истакна Црвенковска.
-Се согласувам со тренерот, беше тешко да се оствари добар резултат без скоро сите првотимци. Се држевме на почетокот од мечот, но потоа тие го забрзаа темпото и направија висока разлика. Очекуваме на дуелот во Скопје оваа сабота да имаме посериозен пристап, рече Војводиќ.