Чесите Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни се делегирани да го судат натпреварот во Скопје на кој се среќаваат нашиот Вардар и белорускиот шампион, тимот на Брест Мешков.
Се надеваме дека на овој натпревар Вардар ќе ја оправда фаворитската улога и ќе стигне до уште еден триумф во Лигата на шампионите пред дерби дуелот идната недела против Барселона во Скопје.
Дуелот се игра утре со почеток во 17 и 30 часот. Билети сеуште има во слободна продажба.