Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Дисингер имаше само два тренинга со тимот, но верувам дека во сабота ќе го даде максимумот
Парондо: Дисингер имаше само два тренинга со тимот, но верувам дека во сабота ќе го даде максимумот

Парондо: Дисингер имаше само два тренинга со тимот, но верувам дека во сабота ќе го даде максимумот

Во сабота не очекува ново ракометно возбудување во Лигата на Шампионите. Пред своите навивачи, Вардар ќе се обиде да се врати на победите и повторно да се искачи на врвот на табелата во најсилната група А. За овој натпревар, црвено-црните нема да можат да сметаат на Вуко Борозан, кој доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон на дуелот со Киелце. Затоа Вардар го има на располагање новото засилување, Кристијан Дисингер, кој денес ЕХФ го прогласи за најдобар трансфер во Лигата на Шампионите.

На прес-конференцијата која денес се одржа во С.Ц. Јане Сандански на прашањето дали Дисингер ќе биде во ссотавот за дуелт со Мешков, шпанскиот стручњак на клупата на Вардар одговори: Дисингер не е целосно подготвен со оглед дека имаше само два тренинг со комплетниот состав, но сепак добро ќе ни дојде неговото присуство на таа лева позиција. Сепак верувам во него и сигурен сум дека ќе го даде максимумот во сабота.