Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Вардар Јуниор дојдоа до победа во мечот со Еурофарм
Младинците на Вардар Јуниор дојдоа до победа во мечот со  Еурофарм

Младинците на Вардар Јуниор дојдоа до победа во мечот со Еурофарм

Вчера во СЦ “Јане Сандански“ младинците на Вардар Јуниор во дуел од 2.коло во групата-2 ја пречекаа екипата на РК Еурофарм од Битола. Момците на Пепи Манасков и Стојан Петрушевски дојдоа до победа со резултат 37-18.

Нашите момци тргнаа фуриозно уште на стартот, тие го отворија дуелот со феноменална серија 7-0. Ривалот потоа малку се опорави од почетниот шок и со мини серија 1-3 намали на 8-3. Игравме далеку покреативно и поинвентивно во поле од противникот, од минута во мунута ја зголемуваме предноста па во последните 5.минути влеговме со двоцифрена разлика 15-5. До крајот на првиот периот додатно ја зголемивме истата па на пауза заминавме со резултат 17-6 на семафорот во “Јане Сандански“ во наша корист.

Почетокот на вториот дел наликуваше на почетокот на овој младински дуел, со серија 5-1 во почетните минути поведовме со плус 15.гола предност. На семафорот стоеше 22-7 за Вардар Јуниор по што остана во “воздух“ прашањето со колкава предност ќе дојдеме до триумф.  Игравме во продолжение мирна игра гол за гол, противникот не можеше да ја загрози нашата предност, туку напротив ние ја зголемивме истата . Ние победивме со 19 гола повеќе, односно со  резултат 37-18 на оваа средба. Први стрелци со по 6 гола беа Постолов и Ѓорѓиев во нашиот тим.

ВАРДАР ЈУНИОР: Јанковски 1, Кукуловски, Нанов 2, Јакимовски 2, Постолов 6, Карапалевски 3, Кизиќ, Атанасовски Т. 2, Ќосевски 3, Крстевски, Трајковски 4, Ангеловски 1, Ѓорѓиев 6,  Атанасовски С. 3, Цветановски, Биковски 4.