Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Стоилов: Одиме на победа, сакаме полна сала
Парондо и Стоилов: Одиме на победа, сакаме полна сала

Парондо и Стоилов: Одиме на победа, сакаме полна сала

Во сабота во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на екипата на Брест Мешков, во рамките на 6. коло од Лигата на шампионите. После паузата поради ЕХФ неделата, црвено-црните се враќаат на настапите во најголемото натпреварување, каде ќе се обидат да се вратат на победите. Денес клубот одржи прес-конференција на која ги изнесе очекувањата за овој натпревар од ЛШ. На истата се обрати тренерот, Гарсија Парондо кој го изјави следново:

-Се враќаат натпреварите од Лигата на шампионите. Се обидуваме да го подготвиме тимот бидејќи е тешко поради тоа што играчите беа со репрезентацијата и немавме воопшто заеднички тренинзи. Ова е тежок и важен меч и ни треба победа. Мешков е добар тим, играат силна одбрана и агресивно. Нема да биде лесно, а ние се обидуваме да се подготвиме најдобро што можеме и да ги освоиме бодовите,

Стоилов истакна дека и покрај проблемите со повредени и суспендирани играчи, Вардар игра на домашен терен и оди на победа.

-Сме играле многу пати. Имаат нов тренер што покажува деке нешто е сменето. Покажаа дека имаат квалитет. Ние треба да покажеме дека сме фаворити. Имавме проблеми во тимот, повредени па сега и некоја суспензија. Но, тоа е тоа, нема оправдување и мора да се оди на победа, играме на домашен терен и сакаме полна сала, изјави Стоилов.