По еден викенд пауза поради ЕХФ неделата продолжуваат возбудувањата во машката ракометна Супер лига овој викенд. Младиот тим на Вардар Јуниор во ова 7.коло е домаќин на скопскиот ривал екипата на РК Бутел Скопје.
Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков по сегашните 6.кола имаат освоено 6.бода со двата триумфа на домашен терен. Нашиот ривал има двојно подобар ефект и на своето конто има 12.бода во досегашниот дел од суперлигашката есен. Натпреварот кој ќе го одиграме во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје (мала сала) е закажан за во сабота, 3.ноември со почеток во 13-30 часот.