Младинцитена ФК Вардар забележаа висок триумф на првиот 1/4 финален меч од купот на Македонија. На теренот во населбата Јане Сандански, избраниците на Андовски славеаа убедлива победа со резултат 5:1, кој им дава големи шанси да се најдат во полуфиналето од националниот куп.
Вардар: М.Велковски, Радевски, М.Младеновски, Димоски, Талески, Бериша, Д.Велковски,Реџепи, Тасев, Антовски, Петковски.
Противникот од Ѓорче даде отпор само во првото полувреме, кога црвено-црните имаа предност од само еден гол и тоа во последната минута од првиот дел, кога погоди Давид Велковски во 45 минута за отварање на резултатот.
Сепак во второто полувреме, Вардар беше далеку поднамоќен, а гостинскиот тим не можеше вечно да се брани. Со вториот гол на Давид Велковски во 60 минута, Вардар успева да зголеми на 2:0. Во листата на стрелци се запишува и Јакуп Бериша кој погоди во 75 минута за убедливи 3:0 во корист на Вардар. Се редеа шансите пред противничкиот гол, а избраниците на Андовски реализираа уште две прилики. Со првиот гол на Филип Антовски во 80 минута имавме предност од 4:0, а само пет минути подоцна, резултатот на 5:0 го зголеми Јакуп Бериша, со својот втор гол денес. Во судиското надополнување, Македонија Ѓ.П постигнаа почесен гол и намалија на 5:1.
Во игра влегоа уште и А.Младеновски, Ѓорѓиески, Јусуф и Пешевски.
Реваншот треба да биде само формалност за нашите младинци, кои се стекнаа со висока и солидна предност во рамките на 1/4 финалето од купот.