Вчерва на меч во рамки на шестото коло во Лигата на шампионите, PK Вардар играше против белорускиот првак Мешков Брест. Натпреварот во нашиот храм СЦ „Јане Сандански“ го доби составот на Парондо, вардарци триумфираа со резултат 30-23 (14-14).
Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, потоа видовме уште една резултатска симетрија кога Стоилов изедначи на 2-2 во 4.минута. Гостинот се одлепи со два врзани гола на 2-4, но со серија 3-1 успеавме преку Криштопанс да изедначиме на 5-5. Беше 8-8 во 17.минута, кога по еден лукав влез на Карачиќ Игор првпат поведовме на дуелот, тој погоди за 9-8. Веднаш клупата на Брест Мешков побара минута одмор поради тоа што од 6-8 ние со серија 3-0 поведовме. во последните 8.минути влеговме со реми, со голот на Чупиќ од пенал изедачивме на 10-10. Потоа во игра влегоа Дисингер и Калифа кои добија прилика за настап пред скопската публика. Овој дуел го однесовме на одмор со реми исход 14-14.
Вториот дел го започнавме водство откако Игор Карачиќ со неговиот шестти гол го отвори второто полувреме за наша предност од 15-14. Повторно имавме пад на концетрацијата, со два гола веднаш Брест го презема водството и поведе со 15-16. Со серија 4-1 иако со играч помалку напраивме пресврт и со голот на Карачиќ првпат поведовме со два плус, 19-17. Треба да се напомене дека голем придонес имаа и двете одбрани на Гедбан, веднаш потоа противникот замина на тајм-аут. Првпат плус три конечно видовме во 14.минута од овој период, кога Тимур Дибиров атрактивно погоди по една брза контра за 23-19, па мораше гостинот да го потроши последниот тајм-аут. Алжирскиот голман на нашиот гол Калифа блескаше, па тоа ни донесе плус со два гола предност во продолжение, 25-19. Дисингер одличен во одбраната, во 24.минута отидовме на 27-20 и најавивме дека во Скопје само еден тим освојува бодови, ВАРДАР. Парондо во игра ги уфрли играчите со помала минутажа: Кисељев, Поповски, Недановски и Војводиќ во финишот. Триумфот беше изразен со резултат 30-23.
Број еден и стрелец, но и “мотор“ на целиот тимот беше Игор Карачиќ тој мечот го заврши со двоцифрен ефект, 11 гола. Крилата Дибиров и Чупиќ имаа по шест погодоци. Погоди Фантастичен денес беше и голманот Гедбан Калифа кој блесна во вистински момент и ја зграби шансата. Треба да се напомене дека тренерот Периќ успеаа од двајца неафирмирани голмани да направи момци кои решават дуели во ЛШ.