Вистински пекол ја чека екипата на Барселона во дуелот со Вардар, кој е закажан за на 11-ти ноември ( недела) со почеток од 17:00 часот во С.Ц. Јане Сандански. Уште од поодамна беше распродадена арена, па од клубот пуштија дополнителни 500 билети за стоење, меѓутоа и тие брзо се продадоа, па од РК Вардар се решија да пуштат во продажба од утре нови 200 билети за стоење.
Истите можат да се набават на билетарницата и преку www.ticketplus.mk, по цена од 150 денари