Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар лесно со Струга 2009, Деловска: Играме тимски тоа е наша предност
ЖКК Вардар лесно со Струга 2009, Деловска:  Играме тимски тоа е наша предност

ЖКК Вардар лесно со Струга 2009, Деловска: Играме тимски тоа е наша предност

ЖКК Вардар во рамки на 4.коло од женската прва кошаркарска лига ја пречека екипата на ЖКК Струга 2009. На дуелот одигран во салата “Кале“ поискусниот тим дојде до победа со високи 91 – 49. Ова е четврта победа во исто толку дели за вардарки, нашиот тим е првопласиран на табелата.

Симона Деловска која веќе три години е дел од црвено-црното семејство, а две години е капитен на сениорската екипа, е задоволна од стартот на оваа сезона.

“Сезоната ја започнавме со натпревари против прилично млади и помалку искусни екипи, па имаше простор да се ротираат сите играчи и да се работи на повеќе аспекти од нашата игра. Ми се допаѓа што од натпревар во натпревар играме се подобро и потимски, искрено се надевам дека тој напредок ќе продолжи и во следниот период, па ќе го постигнеме посакуваното ниво и во нападот и во одбраната”, изјави Деловска.