Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гледајте го дербито во СЕХА-лигата за само 50 денари, Вардар е домаќин на Нексе
Гледајте го дербито во СЕХА-лигата за само 50 денари, Вардар е домаќин на Нексе

Гледајте го дербито во СЕХА-лигата за само 50 денари, Вардар е домаќин на Нексе

После победата против Брест Мешков, избраниците на Гарсија Парондо утре вечер ги очекува натпревар од СЕХА-лигата. Во Скопје пристигнува второпласираниот тим во СЕХА, екипата на Нексе која оваа сезона има големи амбиции да се пласира на завршниот турнир во ова натпреварување. Вицешампионот на Хрватска се наоѓа на делбата на првото место со екипата на Загреб, па утрешниот дуел со Вардар е дерби на колото.

Ве повикуваме во што поголем број да дојдете во Јане Сандански и да го подржите нашиот шампион во уште една победа. Цената на билетите е само 50 денари. После два порази во СЕХА, вардарци ќе се обидат да се вратат на победничите патеки, а целта ќе биде полесно исполнета со поддршката од навивачите. Натпреварот стартува од 20:45 часот.