Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Гедбан за Вардар фанс: Живеам во мојот “ракометен сон“, Вардар е европски и светски ракометен гигант
Гедбан за Вардар фанс: Живеам во мојот  “ракометен сон“,  Вардар е европски и светски ракометен гигант

Гедбан за Вардар фанс: Живеам во мојот “ракометен сон“, Вардар е европски и светски ракометен гигант

РК Вардар по шест кола во ЛШ има пет победи и ја дели првата позиција на табелата со шпанскиот гигант Барселона. Токму овие два тима во следните две кола од елитната лига ќе ги одмерат силите помеѓу себе. Пред овој предизвик за Вардар е важно што доби два млади, но екстра квалитетни голмани во тимот.

Од почетокот на оваа сезона дел од црвено-црните е голманот Калифа Гедбан. Тој дојде како млад голман од Алжир, кој немаше искуство со европски ракомет, уште помалку со најелитната лига на “стариот континент“, ракометната ЛШ. Доби голема прилика на дуелот со Мешков Брест да ги покаже квалитетите, во вториот дел имаше блескаво издание. Одбрани над 50% од ударите кон неговиот гол, а прими само 9 гола. Во продолжение ви го носиме првото интервју на вардаровиот голман за македонските медиуми.

kalifa-1

1. Како си задоволен од твојот настап  и на момците во дуелот од ЛШ со тимот на Брест?

*Навистина сум  многу задоволен, пред се  што екипата на овој дуел успеа да победи. Задоволство ми е што на натпреварот одигравме сложно и тимски  сите заедно. Бевме како еден,  се боревме во двата правци за одбрана и напад што донесе радост за публиката. Од својот настап сум задоволен, бидејќи му помогнав на тимот.

2. Скопје  е нешто ново за тебе, како се адапираше на новата средина, клубот и публиката?

 *Во Скопје нема многу разлика од мојот дом, многу ми е слично. Овде се чувствувам многу пријатно и многу сум  среќен што сум тука. Морам да кажам  исто така и сите во администрацијата  на клубот, моите соиграчи, а особено  фановите надвор од терен ми помагаат  со поддршката да се чувствувам како дома. Така се чуствувам прифатено, и добивам додатна самодоверба дека сум дел од едно големо ракометно семејство. Публиката на Вардар е нешто посебно, волшебно, вакво нешто немам видено никаде досега.

kalifa-2

3. Колку работа со  тренерот на голманите на Вардар, Периќ ти помогна да станеш добар голман?

*Ау, едно ќе кажам: “Периќ е жива ракометна легенда“, за мене е огромна  чест да работам со тренер како него. Од него за кратко време научив многу: за движењето, донесување на одлуки, и далеку подобро разбирање на позицијата голман во тимот. Апсолутно може да кажам дека сум  сигурен, под негово менторство  до крајот на сезоната и следните години ќе напредувам уште повеќе. Тој има прекрасни методи на работа со голманите.

4. Дојде во Вардар и доби шанса да си дел од најдобрата ракометна конкуренција на планетата, ЕХФ ЛШ какво е твоето видување на ова натпреварување?

*Да се брани во  ЕХФ Лигата на шампионите е сон на секој играч, јас имав среќа во неа да бидам како член на голем клуб.  Вардар е европска и светска ракометна величина и секогаш треба да се стремиме кон најдоброто каде и да се натпреваруваме особено во ЛШ. Овде јас го живеам мојот ракометен сон. 

kalifa-4

5. Што очекуваш во продолжение од сезоната во Лигата на шампионите?

*Ние прво сме концентрирани да ја завршиме групната фаза на врвот на табелата и да обезбедиме минување со добра позиција во следниот круг. Можам да ветам дека јас,   со тренерот и соиграчите  ќе се бориме до крајот да ги израдуваме   навивачите на Вардар. Очекувам покрај нашето залагање, дека и спортската среќа ќе биде на наша страна- завршува Калифа.

Михајло Тушевски