Во сабота продолжуваат натпреварите од регионалната-скопска лига за генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година, кои на теренот на Академијата се домаќини на екипата на Кул.
Генерацијата “2005„ се наоѓа во серија од осум последователни победи, со максимален број на освоени бодови во ова натпреварување. До пред одигрување на ова коло, избраниците на Сашо Јанев триумфираа во дуелите со екипите на Шкендија, Работнички, Милано, Њу Старс, Шкупи, Македонија Ѓ.П, Скопје и Форца, а исто така сме блиску да се пласираме и во полуфиналето на купот.
Во победничка серија од пет последователни натпревари се наоѓаат и момците на Петар Ѓорѓиевски, генерацијата “2004„. Црвено-црните имаат вкупно шест победи, и еден пораз и нерешен резултат. Излеговме како победници во дуелите со екипите на Шкендија, Њу Старс, Шкупи, Македонија Ѓ.П, Скопје и Форца. Поразени бевме на гостински терен од Работнички, додека дома ремизиравме со екипата на Милано.
Двете вардарови генерации се големи фаворити за освојување на трите бода против екипата на Кул, натпреварите стартуваат во термините од 13:00 и 15:00 часот на теренот на Академијата.