Чаирскиот прволигаш ги елиминира проблемите со кои се соочи минатата недела и во шестото коло ќе го продолжи својот пат во Првата лига. Долговите кон Македонската кошаркарска федерација, поради кои Шкупи беше суспендиран претходниот викенд, се подмирени и во следниот круг екипата ќе го пречека Вардар на домашен терен.
Натпреварот од 6.коло во Првата кошаркарска лига се игра утре, сабота, 10.ноември со почеток во 17-00 часот. Двата тима досега заедно со тимовите на АБ Охрид и КК Пелистер немаат ниту една победа. Овој натпревар е прилика за прва победа на црвено-црните, досега игравме против посилни и поискусни противници. Во тие мечеви покажавме квалитетна игра, но изостана радоста.