Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најдобриот напад против најдобрата одбрана, Вардар и Барселона во нова битка
Најдобриот напад против најдобрата одбрана, Вардар и Барселона во нова битка

Најдобриот напад против најдобрата одбрана, Вардар и Барселона во нова битка

Во недела не очекува нов ракометен спектакл во С.Ц. Јане Сандански, каде гостува екипата на Барселона. Во пресрет на овој меч од ЕХФ изнесоа неколку факти, поврзани за двете екипи.

-Ова ќе биде соочување на најдобриот напад и најдобрата одбрана во најсилните групи од Лигата на Шампионите. Барселона со 204 постигнати голови го има најефикасниот напад, додека знаеме дека Вардар има најдобра одбрана, после шет кола прими 155 голови.

-Барселона се наоѓа во серија од 16 последователни победи, вклучувајќи ја и онаа во средата во националното првенство, против екипата на Ла Риоха.

-Најголемиот пораз на Вардар во дуелите со Барселона е во далечната 2003 година, кога каталонците славеле триумф со резултат 41:19.

-Барселона добила 10 од последните 13 меѓусебни натпревари со Вардар, но црвено-црните ја имаат можеби најважната победа во дуелите со Барса, онаа пред две години кога Вардар тримфираше во полуфиналето на Ф4 во Келн.