Кошаркарскиот клуб Вардар кој е најдобра младинска екипа во земјава лани го отпочна проектот “Младинска кошаркарска лига Вардар“. Во истиот се натпреваруваа млади кошаркари кој се дел од младинските екипи и не се дел од системот на натпреварување на федерацијата. Вардар се нафати и реализираше еден навистина одлично замислен проект.
Првата сезона мина успешно, младите надежи играа, се дружеа и учеа кошаркарски вештини преку натпреварите во оваа лига. По првата успешна, ќе стартува и втората сезона во ова натпреварување. Утре, сабота, 10-ти ноември ќе биде првиот напреварувачки ден на истата. Повторно ќе се игра во домот на црвено-црните, малата сала при Спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје.