Во недела во “Јане Сандански“ не очекува мега-дуел помеѓу нашиот ракометен клуб Вардар и шпанскиот гигант Барселона. Овој натпревар предизвика големо внимание на домашна сцена каде покрај сите продадени билети за седење клубот мораше да пушти и 700 билети во делот за стоење. По повод овој дуел од ЕХФ Лигата на Шампионите на денешната прес конференција тренерот Парондо и капитенот Стоилов дадоа видувања за оваа средба.
Парондо Гарсија: Bозбудени поради тоа што во Скопје доаѓа Барселона. Во оваа сала секогаш кога играме големи натпревари, трибините се исполнети до последно место и очекувам одлична поддршка и одлична атмосфера. За квалитетот на нашиот противник не треба да се трошат зборови. Тоа е тим кој секогаш е на ниво на задачата и претендира кон пласман на Ф4 во Келн. Каталонскиот клуб оваа сезона игра поквалитетно од лани и сигурно нè очекува тежок и неизвесен натпревар, но Вардар е подготвен.
Стојанче Стоилов: Имаме дуел со Барселона, со која до последно ќе се бориме за првото место во групата. Уште кога беа извлечени групите се сметаше дека Барса е фаворит во оваа група, а јас и сега сметам дека овој клуб е еден од главните фаворити за освојувањето на титулата. Сепак, тоа не треба ништо да значи. Тие знаат дека ги очекува „пекол“ и нема да им биде сеедно. Но, ние знаеме како треба да се игра за да се победи Барселона. Вардар во тимот имаа ракометари кои сакаат да победат на видео-игра, а не пак на дуел против еден вака голем клуб.