Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, одложено колото за кадетите и младинците
Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, одложено колото за кадетите и младинците

Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, одложено колото за кадетите и младинците

Во сабота своето 10.првенствено коло ќе го одиграат пионерските екипи на ФК Вардар кои на домашен терен ја пречекуваат екипата на Македонија Ѓ.П. Колото е одложено за кадетите и младинците поради настапот на младинската селекција до 19 години на квалификациски турнир во Чешка.

Со ова коло стартува и вториот круг на натпреварување кај пионерските екипи. Помладите пионери со триумфот во средата против екипата на Брегалница се искачија на второто место на табелата, со само еден бод помалку од екипата на Победа, а со ист број на бодови со тимот на Работнички. Избраниците на Деспотовски влегуваат како големи фаворити на саботниот меч со оглед дека Македонија Ѓ.П после девет одиграни кола се наоѓа на последното место со само еден освоен бод, односно противникот од Ѓорѓе има само еден нерешен резултат и дури осум порази на своето конто. Во рамките на првото коло, Вардар славеше на гостински терен со резултат 0:3. Се освен победа за црвено-црните ќе биде големо изненадување на овој дуел, а после ова коло Вардар има шанси да се искачи на врвот на табелата, со оглед дека Победа гостува на екипата на Академија Пандев. Мечот во сабота ќе стартува од 09:00 часот.

Фаворити за освојување на трите бодови се и пионерите на Вардар, кои исто така се среќаваат со последно пласираниот на табелата, екипата на Македонија Ѓ.П, која после девет одиграни кола е се уште без победа. Имаат само четири нерешени резултати и пет порази. Во пионерската супер лига, избраниците на Кралевски се наоѓаат на првото место на табелата со 21 освоен бод, четири повеќе од екипата на Работнички. Првиот натпревар на овие две екипи одигран во Ѓорче заврши со нерешен резултат (1:1). Дуелот на пионерските екипи стартува од 11:00 часот.