Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Шест играчи од ФК Вардар дел од младинската селекција до 19 години, за квалификацискиот турнир во Чешка
Шест играчи од ФК Вардар дел од младинската селекција до 19 години, за квалификацискиот турнир во Чешка

Шест играчи од ФК Вардар дел од младинската селекција до 19 години, за квалификацискиот турнир во Чешка

Македонската репрезентација до 19 години од 14. до 20. ноември во Кромериц, Чешка ќе го одигра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА. Македонија е во група со домаќинот Чешка, потоа Хрватска и Луксембург.

Селекторот на Македонија, Горан Станковски одлучи на кои играчи може да смета за овој квалификациски турнир, а во составот се најдоа и шетс играчи од Вардар. Се работи за Методија Велковски, Стефан Наумчески, Филип Антовски, Али Адем, Јакуп Бериша и Алекс Талески.

Место во Елитната фаза квалификации за Европско првенство обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група.