Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Со Барса влез 150 ден. ќе се донираат средства за споменик на Саздо и за повредените Комити во сообраќајна несреќа
Комити: Со Барса влез 150 ден. ќе се донираат  средства  за споменик на Саздо и за повредените Комити во сообраќајна несреќа

Комити: Со Барса влез 150 ден. ќе се донираат средства за споменик на Саздо и за повредените Комити во сообраќајна несреќа

Комити Запад на својата официјална страница излегоа со подолго соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Ве повикуваме браќа Комити Македонци, и сите вас на кои кожата ви се наежува кога ќе се спомне нашето име, нашите цели и идеали кои ги застапуваме, браниме и живееме. Ние сме доследни на каузата, ние сме достојни да го носиме нашето име со сета негова историска тежина, силни сме доволно да продолжиме таму каде многумина би застанале, да преминеме и преку најтешкиот пекол за да го одбраниме нашето парче земја, нејзината слобода и чест!
Го повикуваме целото наше Црвено-Црно семејство, искрени навивачи и симпатизери на името Вардар, кој исто така е повеќе од доследен да биде покрај нас, како што сме ние покрај него секогаш, засекогаш…Нашата борба е надпартиска, нашата борба е искрена и затоа нашата борба е света и безвременска. Затоа имаме доблест, инспирација и чист образ да ги повикаме сите оние кои го препознаваат нашиот став, длабоката мисла која стои позади истиот, нашите потези и активности, па и нашата пасивност понекогаш… 
Ние имаме човечки ресурси, истрајност и одлучност да ја водиме нашата борба, која некому понекогаш му изгледа бесцелна и залудна, а нам ни е врежана со самото наше раѓање, пренесена уште преку генетскиот код и крвта која на овие простори се пролеала. Можеме да прифатиме да водиме битки на повеќе фронтови иако тоа ни ги троши ресурсите од секој аспект, но повторно прифаќаме затоа што не калкулираме, какви би биле кога би калкулирале и ние ко што многумина го правеле низ историјата, но го прават сега тоа… 
Ве повикуваме секој еден од вас на секој можен начин да пронајде сила да се бори и да учествува во битките, секој на свој начин. Секој од вас може да помогне еден млад човечки живот кој згасна во нерамноправна битка биде знак Стоп за вакво ѕверство никогаш не се случи повеќе, должни сме таа црна дамка остане дел од нашето колективно памтење, да не потсети каде сме погрешиле, како дојде до ова, како од тој ден почнавме да размислуваме…Пресврт во секоја смисла. Ветивме дека ќе го испратиме достојно нашиот брат, но и ветивме дека ќе продолжиме да одиме онаму каде што тој застана. А како потсетник на тоа решивме да му подигнеме спомен плоча. За таа намена собираме средства, па ве повикуваме и вас симболично да учествувате во оној момент од историјата кога Македонецот кажа СТОП! Донирајте за САЗДО пред влезот на салата (пред главниот и оној за Комити) пред и за време на натпреварот РК ВАРДАР – РК Барселона, ДЕРБИТО На Европа. Повторно сме на врвот и кога многумина не отпишаа, Браво Вардаре Горди сме и бескрајно сме ти благодарни за оваа радост која ни ја пружаш во овие моменти кога надежта е луксуз! 
Ве повикуваме сите вас предходно споменати да го активираме заедно вулканот и со црвено црна лава да ги постелиме трибините на најжешкиот терен во Европа! Јане Сандански…какво име е тоа!!!
Комити никогаш не ги оставаат ниту забораваат своите…
Момци, едни наши браќа направија тешка сообраќајна незгода…Не се во животна опасност но треба да се помогнеме еден од нас, наш член, да има соодветно лекување, кое за жал кај нас не е достапно, па мора да се лечи во странство. Јунакот се вика Бојан Димитриевски. Издржи Бојан!

45707075_1918479344873008_3224680824729239552_n
Влезот на нашата трибина ќе се наплаќа 150 денари, и средствата ги наменуваме за неговото лекување!
На трибина сите знаете што треба да правите, и не само ние на нашата, туку цела сала која и тоа како ни го прави ќејфот кога ги слушаме и кога не сме таму ;)
Тоа е тоа дечки, се друго пишува во плакатот