Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Slider > Дружење и забава во фан зоната, за неделниот дуел на Вардар со Барса
Дружење и забава во фан зоната, за неделниот дуел на Вардар со Барса

Дружење и забава во фан зоната, за неделниот дуел на Вардар со Барса

Во недела се игра дербито во најсилната група А од ЛШ, во кое Вардар е домаќин на Барселона. Од РК Вардар подготвуваат фан зона во која можност ќе имаат да дојдат сите вардарови навивачи, кои ќе имаат можност заедно да навиваат и да се дружат. Фан зоната ќе се одвива под посебна програма.

Фан зоната ќе биде отворена од 15 часот па се до почетокот на натпреварот. Таму заедно ќе ги пречекаме нашите ракометари и ќе им дадеме поддршка пред влегувањето во салата каде сигурно ќе врие од навивачки набој и многу песни.

vo-nedela-se-sprema-feshta-i-fan-zona-pred-mechot-so-barselona-18158

Покрај убавата атмосфера ќе има и добра музика со Ди-Џеј за забава на присутните, продажба на храна и пијалоци по пристапни цени. Но, тоа нема да биде се…

Селфи е дозволено и пожелно. Ќе има и посебна селфи зона. Маскотите што ги гледате во салата сега ќе бидат блиску до навивачите, а и девојките што настапуваат на полувремето и на секој тајм аут во салата сега ќе имаат своја програма. Ако сакате да бидете во боите на својот омилен клуб, тогаш вашето лице ќе добие убаво нацртано. А можете и сами да дојдете во црвено црните бои.

vo-nedela-se-sprema-feshta-i-fan-zona-pred-mechot-so-barselona-18157

Треба да бидете во фан зоната и да ја почувствувате атмосферата, и да ги видите сите изненадувања. Дојдете заедно да се радуваме на нов успех на Вардар. Ве очекуваме во недела пред СЦ „Јане Сандански”.