Организаторот на играта на Вардар Провел, игра одлично сезонава и заслужено се наоѓа на првата позиција по одиграни пет рунди според постигнатите поени по натпревар.
Нашиот кошаркар има фантастична статистика зад своето име, бележи 25,8 поени по натпревар и заслужено го носи епитетот прв поентер според статистиката.
На второто место е играчот на Гостивар Фурстингер со 22,3 поени по натпревар, а на третото место во овој момент се наоѓа Билер од Пелистер со 19,7 поени по натпревар.