Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Судии од Португалија на дуелот Вардар – Барселона
Судии од Португалија на дуелот Вардар – Барселона

Судии од Португалија на дуелот Вардар – Барселона

Судиите од Португалија, Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека го добија да го судат дерби дуелот во Скопје меѓу нашиот Вардар и тимот на Барселона од Шпанија.

Дуарте и Фонсека важат за квалитетна судиска двојка која на неколку наврати судела во Скопје на нашиот Вардар. Очекуваме фер и коректно судење на овие искусни судии.

Инаку, ова е дерби дуел на колото во Л.Ш, на кој Вардар со помош на публиката ќе се обиде да стигне до голема победа и превземање на првата позиција на табелата токму од утрешниот противник.