Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > “Петарда“ во мрежата на Ѓорче, нов убедлив триумф за пом.пионери на ФК Вардар
“Петарда“ во мрежата на Ѓорче, нов убедлив триумф за пом.пионери на ФК Вардар

“Петарда“ во мрежата на Ѓорче, нов убедлив триумф за пом.пионери на ФК Вардар

Помладите пионери ја врзаа и втората последователна победа за неколку дена, откако утрово на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П и тоа убедливо со резултат од 5:0.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски, Сељанац, Давков, Марковски, Ѓорѓиевски, Давидовски (c), В.Стојановски, Живков, Алими, Прелоговски, Г.Стојановски.

Првиот удар кон голот го имаше Влатко Стојановски, кој заврши над противничкиот гол. Избраниците на Деспотовски имаа целосна иницијатива на овој меч и голем посед на топката. Првата изгледна прилика за гол ја имаше Филип Ѓорѓиевски кој на нафрлена топка од корнер, бие со глава покрај голот на Ѓорче. Вардарци успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0 со голот на Славче Живков, кој на додадена топка од Влатко Стојановски, изби очи во очи со голманот, само ја сврти топката која заврши во мрежата, за отварање на резултатот.

2 4

Стрелецот на голот имаше уште еден обид, но топката заврши покрај голот. После една одземена топка од нашата половина се создаде прилика за гостинскиот тим, но за наша среќа, топката заврши покрај голот на Стојковски. Црвено-црните континуирано се обидуваа да го загрозат противничкиот гол. До крајот на првото полувреме дури во три прилики се најде Георг Стојановски, во две одбрани голманот на Ѓорче, додека во една шутираше покрај голот. На одмор, Вардар замина со заслужено водство од 1:0.

1

На стартот од вториот дел, Вардар успева да го зголеми резултатот и да поведе со 2:0 и тоа повторно преку Славче Живков, кој ја тресе противничката мрежа и го зголемува резултатот. Први измени во нашите редови направи тренерот Деспотовски, на местото на Алими и Прелоговски, во игра се Ќосески и Андрески. Влато Стојановски повтор како улога на асистент овој пат додава прецизно до Георг Стојановски, кој успеа да се запише во листата на стрелци и да зголеми на 3:0. Деспотовски денес шанса за настап им даде на сите играчи, кои мечот го започнаа од клупата за резерви. Во игра се и Петковски, Исмаиљи и Петрушевски, на местото на Живков, Давков и В.Стојановски.

5

Токму нововлезениот Сулејман Исмаиљи успева да го постигне својот прв гол сезонава и да зголеми на 4:0. Рутински ги одработивме последните десет минути од мечот, во кои успеавме да постигнеме уште еден гол во противничката мрежа, дело на Лео Андрески за конечни 5:0 на овој дуел. Во игра влезе и голманот Јовчев, кој го замени Стојковски.

Ова беше шестта победа за пом.пионери кои после ова коло имаат можност да бидат лидери на табелата, во зависност од исходот во Струмица, каде играат Академија Пандев и првопласираната Победа од Прилеп.