Денес на терените на ФФМ во рамки на Детската лига ФК Вардар генерација родени 2006 година одиграа два дуели. Момците на Филип Спасески во овие средби дојдоа до триумфи.
Вардар 2 дојде до победа во мечот со Еуроспорт 2:1(1:1). Првите 15 минути поминаа во испитување на силите при што вардарците имаа блага иницијатива.При една акција Антони Динов прекрасно уфрли топка во празно до Михаил Танчев а овој го помина и голманот и ја смести топката во мрежата за водство од 1:0.До крајот на полувремето противникот успеа да израмни на 1:1.
.
Во второто полувреме Вардар беше подобар и направи неколку шанси. Прво Танчев не успеа да го совлада голманот , потоа Антони Динов одлично биеше со глава но голманот одлично одбрани. Исто така и Матеј Анастасов одлично се ослободи од двајца чувари но биеше неколку сантиметри над пречката.Кога сите мислеа дека ќе биде нерешено Танчев одлично го проигра во празно Динов а овој излезе сам пред голманот и го помина но беше фаулиран и судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Михаил Танчев за конечни 2:1.
Во втората средба тимот на ФК Вардар 1 го содвлада ФК Куманово со “петарда“, ние триумфиравме со резултат 5:1 (3:1). Уште во првата минута беше досуден слободен удар за Вардар, а Нуман Ајетовиќ биеше силно во левиот горен агол за водство од 1:0.Противникот успеа да израмни на 1:1 од слободен удар. На 2:1 зголеми Марко Николовски откако направи вистински дар -мар во шеснаесетникот на противникот и рутински ја смести топката во мрежата. До крајот на полувремето Вардар даде уште еден гол преку Алтин Алији.
.
На пауза заминавме со поредност од два гола, за време на одморот водеве со резултат 3-1 на оваа средба. Во второто полувреме Вардар имаше иницијатива и успеа двапати да ја затресе мрежата на противникот и тоа со двата гола на Алтин Алији за негов хет-трик и конечни 5:1.