Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се бореше “машки“ в гости кај Металург, ги “спуштивме“ на само 21 гол, но неуспеавме да дојдеме до поволен исход
ЖРК Вардар се бореше “машки“ в гости кај Металург, ги “спуштивме“ на само 21 гол, но неуспеавме да дојдеме до поволен исход

ЖРК Вардар се бореше “машки“ в гости кај Металург, ги “спуштивме“ на само 21 гол, но неуспеавме да дојдеме до поволен исход

Во салата “Автокоманда“ во Скопје младиот тим на ЖРК Вардар се сретна со поискусниот и повозрасен колектив на Металург. Во овој дуел од Супер лигата, вардарки се бореа машки, играа цврсто во овој нерамноправен меч против фаворизиран тим, може да кажеме и дека во одбраната одиграа на високо ниво бидејќи примија само 21 гол. За жал во офанзивата имавме три гола помалку.

y

Дуелот почна со водство на домашниот тим кој подобро влезе во мечот, тие на почетокот водеа со 2:0, а потоа и со 5:1 на старот. Нашите девојки успеаа да излезат од почетната криза и се вратија во мечот. Во одбраната одигравме добро одземавме две топки, на голот Симона Грујовска одбрани “зицер“ и сето тоа беше наградено со два гола за преполовување на водството. Со погодокот на Дамјановска Катерина во 7.минута намаливме на 5:3. Со резултат 8:5 влеговме во 20.минута, успеавме да одбраниме 4 напада, двапати беше нашиот блок на висината на задачата, а двапати по ред одбрани и Грујовска. Кога дојде време за наплата на ова во нападот по голот за 8:6 видовме една чудна судиска одлука. Одеднаш беа исклучени три ракометарки на вардаровиот тим па останавме само со 4 девојки во поле. Се боревме и покрај тоа и примивме два гола за 10:6.  Мирјана Петковска во 24.минута погоди за 10:7 по што следуваа неефикасни минути на двете страни. Голем пех за Вардар во тој период беше тешката повредата  на Ана Марија Коларовска, беспоштедниот борец мораше да го напушти дуелот и да замине во болница. Да не се случеше оваа повреда можеби мечот ќе имаше друга насока, бидејќи таа изнудуваше постојано седмерци дотогаш.

y3

Вториот дел почна со гол за домашниот тим кој зголеми на 11:7, а потоа следеа нашите минути. Црвено црните девојки направија серија 0:3. Одбраната беше на ниво, во средината блокиравме многу отворени удари, Грујовска придодаде уште две интервенции и дојдовме само на гол негатива. Имавме неколку прилики за изедначување, сепак немавме среќа и неискуството и младоста беа наши противници. Особено на резултат 12:11 кога не реализиравме четири топки за реми на овој суперлигашки дуел. Домаќинот потоа се одлепи на 19:14 на 8.минути до крајот. Во финишот вложивме напори кои ни донесоа намалување на предноста и бевме поразени со резултат 21:18.

y4

Кај нас денес се истакнаа две девојки: Андреа Седоска беше стрелец на 11 гола, а на голот Грујовска Симона имаше 8 одбрани.