Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Прва победа за кадетите на РК Вардар во младинската лига, совладан Јуниор К.В.
Прва победа за кадетите на РК Вардар во младинската лига, совладан Јуниор К.В.

Прва победа за кадетите на РК Вардар во младинската лига, совладан Јуниор К.В.

Кадетите на РК Вардар кои се натпреваруваат во младинската лига стигнаа до својата прва победа оваа сезона во рамките на групата 1. Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански избраниците на Будимир и Станковски ја совладаа екипата на Јуниор Кисела Вода со резултат 34:27.

Црвено-црните одлично го започнаа натпреварот кога направија серија од 4:0, од кои по два погодоци беа дело на Бојан Чакалиќ и Давид Савревски. На нашиот гол, започна Давид Стојковски кој набрзина стигна до две одбрани, додека на својот прв гол гостинската екипа чекаше се до 6.минута кога го намали резултатот на 4:1. Одлично игравме во одбраната, додека во нападот најчесто реализиравме. Со нова мини серија од 2:0 и со погодоците на крилата, Димитријевски и Калајџиески, Вардар успеа да се одлепи на највисоки пет голови разлика (6:1), што беше причина за противничкиот тренер да побара тајмаут. Тоа донесе резултат за Јуниор К.В кој во следните седум минути игра успева да направи серија од 1:5 и на средината од првото полувреме да намали на само еден гол негатива (7:6). Чакалиќ ја прекина серијата на гостинскиот тим, додека Будимир направи измена на голманите. На голот на Вардар застана и Трифуновски, благодарение на неговите две последователни интервенции, ние повторно се одлепивме на три гола ралика (10:7) откако погоди Симон Калајџиески. Гледавме брз и динамичен натпревар, повозрасниот тим на Јуниор Кисела Вода не му дозволуваше на Вардар уште на полувреме да има солидна предност, па во 25 минута повторно се доближи на само еден гол негатива, за во следната минута, противникот да израмни и на 11:11. Последните четири минути од мечот им припаднаа на Вардарци, кои направија серија од 3:1 и на полувреме заминаа со водство од 14:12.Имавме водство од 13:12 и напад за Јуниор К.В. кој не го реализира, а тренерот Будумир се реши на 20 секунди пред крајот да повика тајмаут, за прв пат на овој дуел. На 4 секунди пред крајот го реализираме последниот напад преку Мишевски, за на одмор да заминеме со предност од два гола.

Вториот дел започна со одбрана на , а Димитријевски е играчот кој носи предност на Вардар од 15:12. Вардар и понатаму ја одржуваше предноста, која достигна четири гола кога нов гол постигна левиот бек, Бојан Чакалиќ. Добар на голот беше и , па црвено-црните тоа го искористуваа во нападите. Калајџиески во стилот на Шишкарев од десно крило постигнува мајсториски гол, додека во контра-напад реализира и Савревски, за највисоки шет гола позитива за нашите момци на овој дуел (21:15) беше резултатот кој стоеше на семафорот во 40 минута. На голот на Вардар застана и третиот голман, Ненад Ангеловски, кој веднаш брани и тоа удар од седум метри. Во следните десет минути, паметно ја одржувавме предноста, која се движеше од 4-6 голови. На десет минути пред крајот на мечот имавме солидно водство од 28:22. Стојковски брани удар, а Чакалиќ продолжи да го полни противничкиот гол, зголемувајќи на 29:22.  На крајот победа за Вардар со резултат 34:27.

Бојан Чакалиќ постигна дури 13 голови, додека 7 беа дело на Давид Савревски, додека Симон Калајџиески постигна 4 голови. Во листата на стрелци се запишаа уште и Марко Мишевски и Благој Димчевски кои постигнаа по 3 гола, додека по 2 беа дело на Борис Павловски и Дамјан Димитријевски.На тој начин стигнавме до првата победа во младинската лига, против екипа која не е ниту малку наивна. Јуниор К.В. пред ова коло имаше скор од две победи и по еден нерешен резултат и пораз.