Кошаркарите на Вардар се израдуваа на првата победа сезонава откако денеска го победија тимот на КК Шкупи на гостински терен со резултат 67:77.
Денешниот натпревар беше неизвесен се до последната четвртина, кога Вардар одигра маестрално, и со 24 постигнати поени забележа убедлива победа од плуст десет, иако пред стартот на последиот период имаше кош заостанување.
Ова е многу важен триумф за нашите кошаркари, кои победија директен тим кој ќе се бори за опстанокот оваа сезона исто како и нашиот состав.
Одново најдобар играч во нашиот тим беше Џуниус Провел со 20 поени, Ивановиќ, Михајлоски и Радош го следеа со по 12 поени. Клупата на Вардар пак, на овој дуел постигна само 12 поени.