Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова победа за избраниците на Георгиевски, ФК Вардар генер. ‘2004„ го победи тимот на Кул
Нова победа за избраниците на Георгиевски, ФК Вардар генер. ‘2004„ го победи тимот на Кул

Нова победа за избраниците на Георгиевски, ФК Вардар генер. ‘2004„ го победи тимот на Кул

Вардаровата генерација родени “2004„ година стигнаа до седмата победа во ова натпреварување, откако на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Кул, со резултат од 3:0.

Тренерот Георгиевски стартуваше со следните 11-сетмина: Ангелов, Анчевски, Љушев, Серафимов, Павлески (c), Хајдари, Стоимов, Дошев, Идризи, Гуџуфи, Ибраим.

Првиот директен удар го имаше екипата на Кул, но со одлична интервенција Наум Ангелов спаси негатива за својот тим. Првиот конкретен обид, Вардар го имаше преку Идризи, откако Анчевски нафрли топка во противничкиот шеснаесетник, од прва биеше Идризи, но одбрани голманот на Кул. Избраниците на Георгиевски имаа поголем посед на топка и постојано атакуваа на противничкиот гол. Вардар успеа да поведе со 1:0 и тоа со ефектен гол на Бесар Гуџуфи, кој ја закова топката под пречката на Кул и му донесе водство на својот тим од 1:0. Бргу можеше гостинскиот тим да го намали резултатот, откако од прекин беше нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, од непосредна близина бие еден од играчите на Кул со глава, но Наум Ангелов брани и спасува чист погодок. Шансите пред противничкиот гол се редеа, а во прилики беа Идризи чиј удар го одбрани голманот, како и Гуџуфи кој шутира, но во последен момент дефанзивците на Кул ја расчитуваат опасноста од гол линијата. Се обиде и Ибраими, но топката оди над голот. Сепак Вардар заслужено стигнува до предност од 2:0, откако при една мешаница во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Левент Ибраими кој се запишува во листата на стрелци. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

1

Првиот директен удар во вториот дел го имаше Стоимов, но голманот на Кул исфрли во корнер. Вардар беше многу подобар и во овој дел од мечот и на крајот требаше да стигне до уште повисока победа. Црвено-црните го зголемуваат резултатот на 3:0, кога Идризи од десната страна го пронајде Никола Павлески, кој немаше проблеми да ја смести топката во мрежата. Во нова прилика се најде Идризи, но одбрани голманот на Кул. Први измени направи тренерот Петар Георгиевски на местото на Хајдари и Идризи, во игра се Попов и Перковски.

2 3

И покрај високото водство продолживме да напаѓаме, а капитенот Павлески се обиде на два пати, но резултатот остана непроменет. Гостинската екипа имаше можност за намалување на резултатот, откако со удар од 20 метри ја погодија стативата од нашиот гол, но мора да се напомене дека Ангелов интервенираше доволно за топката да не заврши во неговата мрежа. Последна измена во нашиот состав, во игра е Кристијан Ѓорѓиевски, на местото на Ибраими. На крајот нов триумф за Вардар со резултат 3:0.

Мора да се потенцира добрата игра на денешниот меч за вардарци, кои беа ослабени за неиграњето на стоперите Јаневски и Милошевски, како и без Каровски, кој се повреди на загревање. Сепак денес нив одлично ги заменија Серафимов и Љушев, кои одиграа перфектно во одбраната, надополнети од бековите, Анчевски и Павлески. Сепак честитки заслужува целиот тим за денешната игра, на чело со тренерот Пепи Георгиевски.