Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две нови победи за ФК Вардар генер.2006 во Детската лига
Две нови победи за ФК Вардар генер.2006 во Детската лига

Две нови победи за ФК Вардар генер.2006 во Детската лига

Денес на терените на ФФМ во рамки на Детската лига ФК Вардар генерација родени 2006 година одиграа два дуели. Момците на Филип Спасески во овие средби дојдоа до триумфи.

Вардар 2  дојде до победа во мечот со  Еуроспорт 2:1(1:1). Првите 15 минути поминаа во испитување на силите при што вардарците имаа блага иницијатива.При една акција Антони Динов прекрасно уфрли топка во празно до Михаил Танчев а овој го помина и голманот и ја смести топката во мрежата за водство од 1:0.До крајот на полувремето противникот успеа да израмни на 1:1.
.

Во второто полувреме Вардар беше подобар и направи неколку шанси. Прво Танчев не успеа да го совлада голманот , потоа Антони Динов одлично биеше со глава но голманот одлично одбрани. Исто така и Матеј Анастасов одлично се ослободи од двајца чувари но биеше неколку сантиметри над пречката.Кога сите мислеа дека ќе биде нерешено Танчев одлично го проигра во празно Динов а овој излезе сам пред голманот и го помина но беше фаулиран и судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Михаил Танчев за конечни 2:1.

88

Во втората средба тимот на ФК Вардар 1  го содвлада ФК  Куманово со “петарда“, ние триумфиравме со резултат 5:1 (3:1). Уште во првата минута беше досуден слободен удар за Вардар, а Нуман Ајетовиќ биеше силно во левиот горен агол за водство од 1:0.Противникот успеа да израмни на 1:1 од слободен удар. На 2:1 зголеми Марко Николовски откако направи вистински дар -мар во шеснаесетникот на противникот и рутински ја смести топката во мрежата. До крајот на полувремето Вардар даде уште еден гол преку Алтин Алији.

.
На пауза заминавме со поредност од два гола, за време на одморот водеве со резултат 3-1 на оваа средба. Во второто полувреме Вардар имаше иницијатива и успеа двапати да ја затресе мрежата на противникот и тоа со двата гола на Алтин Алији за негов хет-трик и конечни 5:1.