Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Кизиќ ја спушти “ролетната“, Мишевски го полнеше голот на Борец, младите избраници на Петрушевски со висок триумф се враќаат од Велес
Кизиќ ја спушти “ролетната“, Мишевски го полнеше голот на Борец, младите избраници на Петрушевски со висок триумф се враќаат од Велес

Кизиќ ја спушти “ролетната“, Мишевски го полнеше голот на Борец, младите избраници на Петрушевски со висок триумф се враќаат од Велес

Младиот состав на Вардар Јуниор стигна до својата трета победа во најсилната супер лига, откако вечерва славеа убедливо на гостувањето кај екипата на ГРК Борец, со резултат 17:30, во рамките на 8.коло од најсилната Супер лига.

Младоста не претставува проблем за овие момци кои на секој натпревар го даваат својот максимум и борбеност до последните секунди. Домашниот тим многу подобро го започна натпреварот кога имаше предност од 3:0, но тоа воопшто не ги демотивира момците на Петрушевски да го покажат своето вистинско лице. Вративме со два гола во серија за да намалиме на 3:2, а после три минути да донесеме и прво израмнувае на натпреваот (4:4). Велешани искористија неколку наши грешки за да направат серија од 4:1 повторно да имаат позитива од три гола (8:5). Сепак од тие моменти на теренот играше само еден тим, а тоа беше Вардар Јуниор, кој за кратко време успеа да го сврти резултатот во своја корист. Во нападот ги имавме расположените Марко Мишевски и Стефан Крстевски, додека на голот Марко Кизиќ ја спушти “ролетната„ и започна да прави чуда на голот на црвено-црните. Тоа ни донесе и серија од 0:4, за на шест минути пред крајот на првиот дел за прв пат да поведеме со 8:9. Велешани израмнија, но последните два гола на натпреварот ги постигна Вардар Јуниор, за по првите 30 минути да имаме предност од 9:11

Петрушевски добро ја постави играта и во второто полувреме, одбраната делуваше многу цврсто додека во нападот постигнувавме голови од различни позиции, а на голот Кизиќ целосно го откажа противникот од Велес. Победникот го решивме во првите седум минути од вториот дел кога со одлична игра направивме серија од 0:6 и веќе имавме највисоки 9:17 предност на мечот. Целосно се распадна играта на Борец, иако се обидуваа да се вратат во играта, нашите момци не го дозволија тоа, туку самоуверено и максимално ангажирано продолжија да ја зголемуваат предноста. Стигна и двоцифрената предност од 12:22, а до крајот на натпреварот се беше рутина за момците предводени од искусниот стратег Петрушевски Стојан и неговиот помошник, Пепи Манасков. Водството само растеше во наша корист, за на крајот да победиме и многу убедливо, со конечни 17:30 на овој натпревар.

Марко Мишевски беше наш најрасположен играч со 8 постигнати голови, додека Стефан Крстевски постигна 6. На голот денес перфектен беше големата голманска надеж на Вардар, Марко Кизиќ натпреварот го заврши со неверојатни 17 одбрани.

ВАРДАР ЈУНИОР: Кизиќ, Димов 4, Јанковски 1, Кукуловски 3, Мишевски 8, Постолов, Карапалевски, Т. Атанасовски 1, Бикоски, Гашоски 1, Крстевски 6, Анѓеловски, Ѓоргиев 2, С. Атанасовски 3, Цветаноски, Ќосевски 1.