Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар ја “потопи“ Гевгелија во женската младинска лига со 33 плус
Вардар ја “потопи“ Гевгелија во женската младинска лига со 33 плус

Вардар ја “потопи“ Гевгелија во женската младинска лига со 33 плус

Денес во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во рамки на младинската женска ракометна лига девојките на ЖРК Вардар го пречека тимот на Гевгелија. Вардарки ја продолжија 100% реализиација во лигата и остварија нова победа. Гостинките беа немоќни пред нашите налети и беа поразени со високи 43-10.

Дуелот почна со  доминација на една екипа, онаа црвено-црната. Почеток со максимална доминација, во одбраната и “сурово“ казнување на ривалот во нападот. Тоа донесе неверојатна серија со која поведовме со дури 13-0. Следеше еден “микро период“ во кој гостинките беа подобри, тие на еден наш гол вратија со два за резултат  14-2. Сепак тоа траеше прекратко, повторно девојките на Симовски, Ристова и Царчев влегоа во серија, нашите девојки дадоа до крајот на првиот период шест гола, а пак примија само еден за на пауза да заминеме со водство од  20-3.

Во вториот дел започна налик за првиот, со нова серија на вардаровите девојки, тие тргнаа на почетокот на вторите 30.минути  со серија 6-0, за предност над од над дваесет погодоци, поточно 26-3. Лесно ја почневме мрежата на гостинките кои немаа сили да се борат против нашите девојки, на средината на овој период на семафорот стоеше резултатот  30-4.  До крај се беше рутина, прашање на модалитет беше како ќе се приведе овој дуел до крајот.  На крајот триумфиравме со 13 гола предност, новиот триумф во младинската лига беше обезбеден со резултат  43-10.

Најуспешни беа голманките, Симона Грујовска дуелот го заврши со 11 одбрани, Јована Трајкоска имаше една помалку односно 10 интервенции.  Кај стрелците: Петковска Мирјана и Стефанија Ѓорѓиевска стрелаа по 5 пати,  само гол помалку имаа три девојки: Ана Марија Божиновска, Ангеловска Кети и Трпевска Ивона.