Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Алек Сељанац: Имаме голем квалитет во екипата, можеби и најдобар во Македонија, па се надевам дека оваа сезона ке бидеме наградени со двојна круна
Алек Сељанац: Имаме голем квалитет во екипата, можеби и најдобар во Македонија, па се надевам дека оваа сезона ке бидеме наградени со двојна круна

Алек Сељанац: Имаме голем квалитет во екипата, можеби и најдобар во Македонија, па се надевам дека оваа сезона ке бидеме наградени со двојна круна

Помладите пионери на ФК Вардар за кратко време врзаа две победи по ред, кои им го донесоа првото место на табелата во првенството. Ибраниците на Деспотовски по втор пат сезонава убедливо ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П, запишувајќи го својот шестти триумф. Помладите пионери ја имаат својата дебитантска сезона во помладата пионерска супер лига, откако претходните две сезони беа шампиони во регионалната скопска лига. Стоперот на вардарци, Алек Сељанац, искажа задоволство од големиот триумф против екипата од Ѓорче, истакнувајќи дека ова за нив е нов предизвик, но дека полека ја наоѓаат потребната игра која им донесе прво место на табелата.

-Најголем впечаток од триумфот ми остави тоа што не го потценивме противникот, не беше лесно се додека не го отворивме резултатот со 1:0, но сепак и покрај водството ние не престанавме да се бодриме еден со друг, па мислам и дека тоа беше единственото нешто што не донесе до толку висок резултат. Мислам дека не е исто како во регионалната-лига во која бевме неприкосновени. Во помладата пионерска супер лига се натпреваруваме со екипи од цела Македонија. Многу рано се опуштивме затоа што мислевме дека ке биде лесно, таму згрешивме, но за среќа ни дојде памет па повторно се вративме на победите. Тренерот е наш најголем мотиватор да не беше неговата поддршка и верба во екипата сега сигурно немаше да бидеме таму каде што сме, тоа е на врвот на табелата.

Во следното 11.коло, црвено-црните гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија, со која следната недела го играме и реваншот од 1/4 финалето во националниот куп.

Екипата на Шкендија е многу сериозен противник, па се разбира дека не треба да ги потцениме туку да го дадеме максимумот на терен и да продолжиме со серијата на победи која ја започнавме. Имаме голем квалитет во екипата можеби и најдобар во Македонија па се надевам дека оваа сезона ке бидеме наградени со двојна круна, истакна Сељанац за нашиот сајт.

Звонко Ивановски