Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мораес Фереира успешно опериран, следува период на рехабилитација
Мораес Фереира успешно опериран, следува период на рехабилитација

Мораес Фереира успешно опериран, следува период на рехабилитација

Бразилецот во редовите на Вардар, Мораес Фереира беше успешно опериран, па до крајот на оваа календарска година ќе биде надвор од терените. Уште од почетокот на сезоната, Фереира имаше проблеми со менискусот, но стегаше “заби„ за да му помогне на Вардар во настапите од Лигата на Шампионите.

Првичните информации се дека Фереира ќе мирува во следниве шест недели, а потоа ќе започне со полесни тренинзи. Сигурно е дека ќе ги пропушти следните три натпревари на црвено-црните во ЛШи пет меча во СЕХА-лигата. Товарот на пикерската позиција во следниот период ќе отпадне на Стоилов и Калараш.