Тренерот на голмани на црвено-црните, Дејан Периќ имал напријатност во нашиот град откако му биле украдени личните работи и лап-топот. По тој повод ракометниот клуб Вардар излезе со информација на својата официјална ФБ страница во која се вели:
На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.
Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар.
Ако имате информација контактирајте не на: contact@rkvardar.com
За чесниот пронаоѓач СЛЕДУВА НАГРАДА.