Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на купот, откако и по втор пат успеаа да ја победат екипата на Македонија Ѓ.П. Денес на теренот во Ѓорче се одигра реваншот од 1/4 финалето на купот, на кој избраниците на Ане Андовски триумфираа со резултат 1:2.
По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Во вториот дел водство за Вардар донесе нововлезениот Јусуф Мустафа за 0:1, а погоди исто така уште еден играч кој во вториот дел влезе од клупата, се работи за Александар Ѓорѓиески, кој донесе предност на Вардар од 0:2. До крајот на мечот почесен гол и за домашниот тим, за конечни 1:2 на овој дуел.
Вардар: М.Велковски (c), Радевски, Талески, Димоски, Бериша, Д.Велковски, Младеновски, Реџепи, Тасев, Антовски, Петковски.
На првиот меч одигран на домашен терен, исто така славевме, убедливо со 5:1. Во недела, младинците ги очекува меч во лигата, против екипата на Ренова во Тетово.