Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан денес беше успешно опериран, на теренот се враќа по два месеци
Борозан денес беше успешно опериран, на теренот се враќа по два месеци

Борозан денес беше успешно опериран, на теренот се враќа по два месеци

Над Вуко Борозан денес беше извршена операција на коленото, како што се пишуваше вчера. Левиот бек на Вардар го очекува период на рехабилитација, а прогнозите се дека на теренот ќе се врати после два месеци.

Борозан ќе ги пропушти само следните два натпревари во Лигата на Шампионите, против Брест Мешков и Киелце, кои се последни за оваа календарска година, а треба да биде подготвен за февруари следната година кога продолжуваат мечевите во најголемото ракометно натпреварување.

Борозан подолго време го мачеше коленото, па неопходен беше хирирушки зафат.„Операцијата мина добро. Им благодарам на сите што се грижеа за мене и моето здравје. Следува пауза од два месеци. Се гледаме брзо, истакна Борозан за официјалниот сајт на клубот.