По завршувањето на натпреварите во ракометната европска елита, ЕХФ ЛШ, црвено-црните и Металург одиграат дуел од СЕХА лигата. До крајот на оваа календарска 2018 година и РК Вардар и металурзите треба имаат уште по пет дуели во регионалната лига.
Познат е веќе терминот за второто македонско дерби, истото ќе се одигра на 5 декември во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Дуелот е закажан со почеток во 20-15 часот. Во првата средба ние доминиравме, против сино-белите во текот на целиот натпревар и го добивме со резултат 34-28. Правдата на декемвриското соочување ќе ја декат македонски арбитри, станува збор за Благојче Тодоровски и Димитар Митревски.