Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Побрзо оздравување и враќање на терен за Вуко Борозан
Побрзо оздравување и враќање на терен за Вуко Борозан

Побрзо оздравување и враќање на терен за Вуко Борозан

Во текот на вчерашниот ден, Вуко Борозан ја направи неопходната операција на коленоот, која го мачеше од почетокот на сезоната. Операцијата беше успешно изведена во  Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Благодарение на успешната интервенција на тимот трауматолози д-р Михајло Ивановски и д-р Борислав Илиев, во соработка со анестезиологот д-р Мирјана Петровска, црногорскиот бек го реши проблемот со тешката и ретка повреда на коленото.

vardarfans-operacija

Презадоволен сум од доктор Михајло Ивановски, кој заслужено ја доби довербата од играчите на тимот на ‘Вардар’. Повредата ја детектиравме во август, но одлучивме да издржам до 3 декември, додека трае Лигата на шампионите. Планот беше интервенцијата да ја направам за време на паузата за да можам да се вратам во вториот дел од сезоната, но, сепак, не испадна според зацртаниот план, рече Вуко Борозан.

Пред Борозан следи период на рехабилитација, кој треба да трае во наредниве два месеци, по што би требало да се врати во месец февруари следната година кога ќе продолжат настапите на Вардар во Лигата на Шампионите.