Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > За Попов заврши календарската година
За Попов заврши календарската година

За Попов заврши календарската година

По една година неизвесност дали ќе може да продолжи со својата фудбалска професионална кариера, Горан Попов во „Аџибадем Систина“ го реши својот најголем проблем. Успешно е направена операција на неговото колено од страна на д-р Михајло Ивановски и хируршкиот тим. Значи, календарската година за Попов е завршена, сега следи фаза на рехабилитација на нашиот капитен.

Д-р  Ивановски ми беше најголемата поддршка во текот на целиот процес. Јас цели 6 месеци се мачев со оваа повреда. По секој натпревар имав голем оток, не можев ниту да ја свиткам ногата и бев принуден да одморам по неколку дена само за да можам повторно да застанам на нозе. Презадоволен сум од д-р Ивановски и д-р Илиев, и од тоа колку успешно ми ја санираа повредата“,  вели Горан Попов.

„Операцијата помина одлично и Горан уште следниот ден по интервенцијата веќе можеше да застане на нозе и да прави кратки прошетки. Тоа се должи на неговата одлична кондиција и мускулна маса, кои несомнено ќе го забрзаат целиот процес на заздравување за Горан да може да се врати на спортските активности за околу 6-8 недели. Потребна ќе биде физикална терапија и уште еден PRP-третман пред Горан да се врати на терените со полна пареа, но тоа е само прашање на време“ – вели д-р Михајло Ивановски.