Кадетите и младинците на ФК Вардар денес во Тетово го одиграа 12. првенствено коло, во кое гостуваа во Тетово, на екипата на Ренова.
Кадетите освоија само бод, играјќи со нерешен резултат (1:1) во дуелот со Ренова. Избраниците на Таневски многу рано го отворија резултатот и поведоа со 0:1 со голот на Малик Хасановиќ, но во вториот дел, поточна во 60.минута од мечот, домашниот тим постигна гол и го израмни резултатот на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен на овој дуел. Ова беше прв нерешен резултат за кадетите кои имаат уште и три победи и шест порази.
Вардар: Андов, Мирчевски, Митревски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Хасановиќ, Андоновски, Ѓурковски, Спировски, Цури.
Влегоа уште и Миленковски и Зендели.
Младинците пак стигнаа и до деветтата победа во лигата, откако славеа на гостувањето во Тетово, со конечни 0:2. Во првото полувреме резултатот беше 0:1, со голот на Алекс Талески, додека конечните 0:2, во второто полувреме беа дело на Фитор Реџепи.
Вардар: М.Велковски, Радевски, М.Младеновски, Димоски, Бериша, Д.Велковски, А.Младеновски, Реџепи, Тасев, Талески, Петковски.