Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови импресивни настапи за избраниците на “Чунга Лунга“, ФК Вардар генер. “2007„ стигна до 18 победи од исто толку мечеви во детската лига
Нови импресивни настапи за избраниците на “Чунга Лунга“, ФК Вардар генер. “2007„ стигна до 18 победи од исто толку мечеви во детската лига

Нови импресивни настапи за избраниците на “Чунга Лунга“, ФК Вардар генер. “2007„ стигна до 18 победи од исто толку мечеви во детската лига

Шампионската генерација на ФК Вардар родени “2007„ година продолжува со импресивните настапи во детската лига. Избраниците на Чунга Лунга стигнаа до бројката од 18 победи од исто толку мечеви во лигата. Утрово на терените на ФФМ ги совладавме екипите на Беса и Работнички.

Вардар (1) беше доминантен и до врв ја наполни мрежата на противникот, славевме убедливо со резултат 12:1.Уште во првата минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот кога на нафрлена топка од корнер, Џулијан Битичи најдобро се снајде и погоди за водство на Вардар од 1:0. Голем број на шанси за црвено-црните на овој меч, тоа се должи на офанзивната игра во текот на целиот меч и константниот притисок на половината на Беса. Злато Радески се обиде, но шутираше покрај голот, додека при една акција, Томовски додаде до Младеновски, кој шутира но одбрани противничкиот голман. На вториот гол не се чекаше многу време, а истиот го постигна Борјан Томовски, на голот претходеше удар на Младеновски кој заврши во пречката, одбиената топка стигна до Томовски кој ја заби во мрежата на Беса, за предност од 2:0. Откако противникот направи три корни беше досуден пенал за екипата на Вардар, истиот успешно го реализира Александар Грашески за зголемување на 3:0.

1

Истиов играч во продолжение од првото полувреме имаше уште три обиди, во првиот шутира покрај голот, во вториот ја погоди стативата откако и претходно голманот интервенираше доволно за топката да не заврши во мрежата, а уште една прилика голема за Грашески, повторно среќата не го посака, топката ја погоди само пречката од противничкиот гол. Директен удар и за тимот на Беса, но одбрани Лука Јаневски. Се обиде и Радески, но без реализација. Откако направивме грешка на средината од теренот, се направи ситуација за противникот кој во контра напад успеа да намали на 3:1. Веднаш после тргнување од центарот го вративме голот, кога низ нозете на голманот, успешно шутира Младеновски, за водство од 4:1. До крајот на првиот дел за одбележување е и обидот на Филип Смиљков, кој го брани голманот. На полувреме, Вардар имаше водство од 4:1.

2

Во вториот дел продолжи добрата игра на вардарци, но и голеадата на нашите играчи. Младеновски имаше конкретни обиди, кога шутираше за малку покрај голот, а потоа и ја погоди стативата, но повторно голманот интервенира доволно за да топката да не заврши позади неговиот грб. Во листата на стрелци успеа да се запише и Марко Киш кој сам се проби од десната страна и успешно пласира во долниот десен голмански агол, за водство од 5:1. Нова добра акција на црвено-црните, која со гол ја круниса Емир Шаботиќ, за веќе 6:1. Нивниот тренер е несомено голем мотиватор, кој сака да го извади најдоброто од играчите, дефинитивно оваа генерација предводена од Горан Петрески сезонава игра одличен за око фудбал, но и многу офанзивен, што тешко може некој противник да парира.

3

Од прекин, се обиде виртуозот Грашески кој располага со силен и прецизен удар, повторно голманот на Беса со врвот на прстите ја допре топката и ја исфрли во корнер. Прв гол на денешниот дуел и за Филип Смиљков кој погоди за предност од 7:1. Нова одлична акција на црвено-црните, овој пат Томовски асистира до Шаботиќ кој повторно пласира за водство од 8:1. Нов играч погодува за Вардар, тоа е Марко Крстевски кој му носи водство на Вардар од 9:1. Пофалби за целиот состав денес, кој одигра навистина одличен натпревар, секој максимално пожртвувано и посветено ги искористува минутите кои на теренот им ги дава тренерот.Во следните минути видовме три последователни голови на Стефан Младеновски, кој зголеми на 11:1, а последниот гол на натпреварот беше дело на Борјан Томовски, за конечни 12:1 на овој натпревар од детската лига.

Честитки и за Вардар (2) кој исто така стигна до деветтата последователна победа во лигата, совладувајќи го тимот на Работнички, со конечни 4:3. Тука видовме понеизвесен натпревар, иако Вардар по првиот дел имаше водство од 4:1. Првиот директен удар го имаше противникот, но успешно одбрани Даниел Исајловски.

5

Вардар прв успеа да го отвори резултатот и тоа со погодокот на денес одличниот Михаил Јордановски кој постигна хет-трик кој имаше значајна улога во денешниот триумф над градскиот ривал. На голот претходеше акција од левата страна, кога успешно нафрли Рајчин, а Јордановски со глава ја смести топката во мрежата за предност од 1:0. Работнички се закани во два наврати, во првиот шутира покрај голот, додека во вториот од прекин, топката оди над голот. Повторно Јордановски во акција, но овој пат одабрани голманот. Вардар успеа да ззголеми и на 2:0 со погодокот на Битиќи, кој доби употреблива топка, го помина и голманот и ја смести топката во мрежата. Повторно во главна улога се Рајчин кој нафрли, и повторно Михаил Јордановски на вистинското место, кој погоди за предност од 3:0. Направивме три корни, што значеше пенал за противникот, кој успешно го реализираат, за намалување на 3:1, но Вардар ја врати разликата од три гола, кога погоди Михаил Јордановски кој со хет-трик донесе предност од 4:1.

7

Во второто полувреме, екипата на Работнички се отвори целосно, со цел да направи неизесност на овој дуел. Тоа им успеа, постигнаа два гола, но тука беше крајот, победата сепак им припадна  на денес поборбениот Вардар кој повеќе ја сакаше победата. Секоја чест за екипата, за голманите Исајловски и Спасовски, за одбранбената линија, со Фидановски и Радевски, тука се и Битичи, Јордановски секако, но и Блажевски и Рајчин, кои доста претрчаа и се бореа за секоја топка на теренот и за остатокот на тимот. На крајот триумф за Вардар од 4:3, кој остана единствениот од вардаровите генерации со максимален број на освоени бодови во детската лига.

6 8