Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците продолжија со победите, кадетите на ФК Вардар одиграа нерешено во дуелот со Ренова
Младинците продолжија со победите, кадетите на ФК Вардар одиграа нерешено во дуелот со Ренова

Младинците продолжија со победите, кадетите на ФК Вардар одиграа нерешено во дуелот со Ренова

Кадетите и младинците на ФК Вардар денес во Тетово го одиграа 12. првенствено коло, во кое гостуваа во Тетово, на екипата на Ренова.

Кадетите освоија само бод, играјќи со нерешен резултат (1:1) во дуелот со Ренова. Избраниците на Таневски многу рано го отворија резултатот и поведоа со 0:1 со голот на Малик Хасановиќ, но во вториот дел, поточна во 60.минута од мечот, домашниот тим постигна гол и го израмни резултатот на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен на овој дуел. Ова беше прв нерешен резултат за кадетите кои имаат уште и три победи и шест порази.

Вардар: Андов, Мирчевски, Митревски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Хасановиќ, Андоновски, Ѓурковски, Спировски, Цури.

Влегоа уште и Миленковски и Зендели.

Младинците пак стигнаа и до деветтата победа во лигата, откако славеа на гостувањето во Тетово, со конечни 0:2. Во првото полувреме резултатот беше 0:1, со голот на Алекс Талески, додека конечните 0:2, во второто полувреме беа дело на Фитор Реџепи.

Вардар: М.Велковски, Радевски, М.Младеновски, Димоски, Бериша, Д.Велковски, А.Младеновски, Реџепи, Тасев, Талески, Петковски.