Изминатиов викенд се одигра претпоследното 9.коло во рамките на детската фудбалска лига. Вардаровите генерации одиграа вкупно десет натпревари на кои забележаа седум победи и три нерешени резултати, без ниту еден пораз.
Вардаровата генерација “2006„ оствари една победа и нерешен резултат. Вардар (1) успеа да го победи тимот на Кул (3:0) и на тој начин стигна до осмата победа, а има и еден нерешен резултат. Вардар (2) пак ремизираше на мечот против Драчево (1:1). Оваа екипа има учинок од шест победи, два нерешени резултати еден пораз.
Генерацијата “2007„ е единствената од вардаровите кои имаат максимален број на освоени бодови, после девет одиграни кола. Вардар (1) беше повторно убедлив и триумфираше против Беса (12:1), додека Вардар (2) го доби дербито со екипата на Работнички (4:3). И двете екипи имаат по девет победи, вкупно 18 за оваа генерација.
Една победа и нерешен резултат во ова коло за генерацијата “2008„ , која за противник ја имаше екипата на Драчево. Вардар (1) го совлада Драчево (1) со резултат 3:1, додека Вардар (2) одигра нерешено против Драчево (2) со резултат 2:2. Вардар (1) има девет победи од исто толку одиграни мечеви, додека Вардар (2) има пет победи, два нерешени резултати и два порази.
Генерацијата “2009“ во ова коло имаше по една победа и нерешен резултат. Вардар (1) стигна до осмата победа сезонава совладувајќи го тимот на Скупи (3:1), овој тим е се уште без пораз со само еден нерешен резултат. Вардар (2) одигра нерешено (5:5) против екипата на Шкупи. Вардар (2) има скор од три победи, еден нерешен резултат и пет порази.
Победничко коло имаше генерацијата “2010„ која има одиграно еден натпревар помалку од останатите генерации. Вардар (1) со висок триумф од 11:0 беше подобар во дуелот со Скупи, додека Вардар (2) стигна до минимален триумф над Дрим Тим. Вардар (1) има седум победи и еден нерешен резултат, додека Вардар (2) има шест победи и по еден пораз и нерешен резултат.
Претстојниов викенд ќе се одигра последното есенско коло во детската лига.