Минатиот четврток констатиравме дека дека “добар голман е половина тим“, а ЖРК Вардар ги има во изобилство, но тоа не доаѓа само од себе. Ментор односно тренер на вардаровите голманки е Александар Царчев. Искусен стручњак кој е поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим. Своето ракометно знаење несебично го пренесува на младите голмани од кои прави вистински “машини“.
Во генерацијата родени 2003/2004 тој работи со три таленирани девојки: Вероника Ѓорѓиевска, Ана Мирческа и Леа Христовска, истите се “продукт“ на големиот проект на Академијата на РК Вардар, вардаровата “Јуниор лига“. Царчевото влијание на нивниот напредок е евидентно, тие со големи чекори грабаат напред. Тој успеа сите три да ги испрофилира во квалитетни чувари на мрежата. Овој тим за кои бранат они се натпреварува во две конкуренции пионерска и кадетска, каде оваа есен беа едни од најблескавите точки во тимот. Тимот предводен од Анжела Платон и Марија Папуџиева одигра во двете категории вкупно 13.натпревари. Во пионерската лига тие завршија убедливо како есенски шампионки, а во кадетската конкуренција се во топ-3 и на една победа се до лидерската позиција. Измината недела ве запознавме со првотимките на Вардар во тексот (“Царчевите ангели“ клуч на успехот на Вардар, Грујовска со најдобар скор…) а во продолжение ќе ве запознаеме со трите млади надежи од помладите категории.
Вероника Ѓорѓиевска има најдобри бројки зад своето име од овие три девојки, станува збор за одличен и храбар голман кој вложува голема енергија за тимот. Една година е дел од црвено-црниот тим, а претходно беше дел од регионалната школа на Вардар, РК Урдаревски Вардар. Доста напредна со Царчев, особено во моториката и подобрување на рефлексите, таа е беспоштеден борец кој бранеше и со повредена рака оваа есен. Зад своето име има неверојатни 52% одбранети удари, од таа настапи на 12 од 13 дуели за двете младински екипи. Впиша 59.одбарани зад своето име од упатени 113 удари кон нејзиниот гол во оваа есен.
Леа Христовска е втора по бројот на одбранети удари кон нејзината мрежа. Таа втора година е во вардаровиот ростер, во редовите на црвено-црните мина од тимот РК Кастратовиќ Вардар со кој доста успешно настапуваше во Вардар Јуниор лигата. Оваа сезона бранеше на 12 средби, кон нејзиниот гол беа упатени 136 топки, а таа умешно ја зачува мрежата во 53 наврати. Девојката со одлични настапи и несомнен квалитет есенската полу-етапа ја заврши со 40% одбранети удари.
Ана Мирческа има трет резултат во однос на одбранетите удари, но има најголем процент на одбранети топки кон нејзинот гол. Станува збор за млад голман кој секогаш ја “зграбува“ шансата и дава одлични партии. Исто така и таа е две години во црвено-црниот тим и премина од екипата на РК Кастратовиќ Вардар. Таа бранеше на 8 натпревари оваа есен, на кој имаше неверојатно 55% одбранети удари. Ана од 51 удар успеаа да застане 28 ова есен, се очекува повеќе шанса да добива на пролет каде ќе ги потврди квалитетите кои се веќе евидентни.