ЖРК Вардар е млад колектив претежно составен од девојки родени 2002 година со мал број поискусни ракометарки. Овој тим ја имаше тежината да го наследи “галактичкиот“ состав од изминатите сезони. Покрај оваа тешка задача тие играат и на два фронта, сениорска и младинска лига, парарелно. Во младинската конкуренција “делат лекции“ таму имаат 100% ефект, односно шест победи во исто толку дуели. Во сениорската лига каде се во топ-3, изненадувачки за многумина, нешто што сме го потенцирале во неколку текстови претходно. Сите линии во ракометот се важни, но има една позната изрека “добар голман-половина тим“.
Важна алка во црвено-црниот успех се голманите на Вардар, една позиција на која секогаш остатокот од тимот може да се потпре. Тие три девојки се “менторирани“ тренерот на голманите во Вардар, Александар Царчев. Тој секојдневно макотрпно работи со нашите големи надежи, Андреа Илиќ, Јована Трајковска и Симона Грујовска, на кои им го пренесува своето големо искуство и ги прави да бидат се подобри. Голманките дефинитивно се во добра форма, за што заслуга покрај нивниот труд е тоа што имаат врвен тренер, тие се оние кои ја подигнуваат екипата на секој натпревар, во походот кон нова победа.
Станува збор за искусен стручњак кој е поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим. Своето ракометно знаење несебично го пренесуваше и ќе го пренесува на младите вардарови голмани кои се иднината на црвено-црниот тим. Интересен факт е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од животот и кариерата. Популарниот “Чаки“ на своите “Царчеви ангели“ им пренесува позитивна енергија, многу мотивација, и самодоверба. Тие имаа среќа во оваа важна фаза на преминот од младински лиги во сениорски да имаат тренер како што е г-н Александар Царчев. Девојките бранат во две лиги, Супер лигата и младинската женска лига, често се дел од ротација па една од нив не настапува. Во Супер лигата сите имаат неверојатно за голман, но над 30% секоја од нив.
Симона Грујовска е во досегашниот дел од сезоната убедливо најдобар голман според бројот на одбрани, таа добиваше и највеќе доверба во Супер лигата каде одбрани 11 дуели, односно стручниот штаб ја уфрлаше во игра на сите освен на два меча. Ова е девојка со голем голмански потенцијал, која има најголем напредок во изминатиот период. Три меча ќе потенцираме за најдобри како и кај останатите колешки, тоа се кај неа суперлигашките со екипите кои се најсилни во земјава: Куманово и Металург, и младинскиот со Гевгелија. Таа е единствена која е трицифрена во однос на одбраните, има досега забележано 109 интервенции, од кој во сениорската лига одлини досега 72, апак во младинската зад своето име има 37 одбрани.
Андреа Илиќ има втор скор на вкупни одбрани, со солидни перформанси. Станува збор за голман кој лани беше број еден во кадетската конкуренција во земјава за што доби признание на завршниот Ф-4. Трите меча кои се за одбележување во овој дел од сезоната кај неа се суперлигашките средби со Пелистер и Деспина и Спартак, таа во сениорската лига бранеше на 10 меча досега, а паузираше на три. Има зад своето име 72 интервенции, поголем дел и се во суперлигашката конкуренција каде има 62 одбрани, а во младинската има 10.
Јована Трајкоска има трет скор од овие девојки кој го бранат голот на црвено-црните. Станува збор за солиден чувар на мрежата кој се очекува да го постигне нивото од лани многу наскоро. Три мечеви кои ја одбележаа досегашната сезона за неа се дуелите со Куманово и Цемс во суперлигашката конкуренција, и младинскиот дуел со Гевгелија. Зад своето име има 71 одбрани, интересно е што поголем број од нив се во младинската лига каде што има 39, а пак во најсилната женска конкуренција има впишано 32 интервенции досега, овде “Јоци“ бранеше на 7 натпревари.