Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите победија на реваншот, но Работнички е тимот кој се пласираше во 1/2 финалето на купот
Кадетите победија на реваншот, но Работнички е тимот кој се пласираше во 1/2 финалето на купот

Кадетите победија на реваншот, но Работнички е тимот кој се пласираше во 1/2 финалето на купот

Кадетите на ФК Вардар се елиминирани во четврфиналето од купот на Македонија. Иако денес на теренот на Академијата славевме со резултат 2:1, тоа не беше доволно за пласман во полуфиналето, со оглед дека го загубивме првиот натпревар на гостински терен, дуел на кој Работнички славеше триумф со резултат 2:0.

Тренерот Таневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Митревски, Радуловиќ-Величковиќ, Манасиевски (c), Игнатов, Ристовски, Омерагиќ, Хасановиќ, Андоновски, Ѓурковски, Спировски. 

Сите голови на овој реванш меч од 1/4 финалето паднаа во второто полувреме. Вардарци успеаа први да го отворат резултатот и да поведат со 1:0 со погодокот на Леонид Игнатов во 52 минута од мечот. Откако стигнавме до предност фрливме се на една карта, се отворивме целосно со цел да постигнеме втор гол во противничката мрежа. Работнички тоа го искористи и успеа во 80 минута од мечот преку Мелов Николај да израмни на 1:1, што значеше и крај на надежите дека можеме да го елиминираме противникот. На пет минути пред крајот, предноста ја врати Божидар Митревски за водство од 2:1. Сепак немаше многу време за нови голови и возбудувања.

Во игра во вториот дел влегоа уште и Берат Зендели и Туша Ветон.