Вардаровата генерација “2005„ успеа да се пласира во полуфиналето од купот на Македонија, откако утрово го одиграа реванш мечот од 1/4 финалето против екипата на Работнички. Мечот кој се одигра на теренот на Алумина го доби противникот со 2:0, но поради високата победа на Вардар од 7:1 остварена на првиот меч, избраниците на Сашо Јанев се патниците во следната рунда од ова натпреварување.
Вардар: Илиевски, Николовски, Коневски, Сековски, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Цветков, Кукуловски, Таневски, Јакимовски.
Поради дождливото време беше и скратен овој натпревар, од претходно се знаеше дека Вардар има голема и недостижна предност, па силите се штедеа за следните мечеви во регионалната-скопска лига. По еден гол во двете полувремиња, за конечен триумф на Работнички од 2:0, но без значење за нив, со оглед дека Вардар ќе ги продолжи настапите во купот.
Инаку ова е прв пораз оваа сезона за оваа генерација на Вардар, која во лигата има десет последователни победи.