Вчера во Спортскиот центар “Јане Сандански“ девојките од ЖРК Вардар одиграа тест-меч со момците од пионерскиот состав на РК Вардар предводени од Зоран Петковски- Зенга. Дамите на Симовски Симе и Александар Царчев одиграа “машки“ и ги совладаа момците со резултат 35-26.
Девојките подобро се снајдоа во првиот дел од натпреварот каде истиот го однесоа на одмор со седум позитива во нивна корист. На паузата беше 17-10 за дамите во оваа средба со младите момчиња на Петковски. Во вториот дел тие го задржаа ритамот и додатно ја зголемија предноста триумфирајќи со девет гола на овој тест-натпревар. Победата во овој занимлив и интересен натпревар помеѓу женска и машка екипа од црвено-црниот клуб со резултат 35-26 ја имаа дамите.
Ана Марија Божиновска постигна осум гола во мрежата на вардаровите момци, Ивона Трпевска постигна пет погодоци, а Сара Миновска и Кети Ангеловска погодија по четири пати. Пикерите Катерина Дамјановска и Ивана Џатевска беа непогрешливи погодија по три пати од исто толку упатени удари. Андреа Илиќ и Симона Грујовска одбранија по 4 удара од 11 упатени кон нивниот гол, односно имаа идентични 36% одбранети удари, Јована Трајкоска одбрани пет топки од 17 удари и дуелот го заврши со 29% одбранети шутеви.