Помладите пионери на ФК Вардар и втор пат успеаа да ја победат екипата на Шкендија и да се пласираат во полуфиналето на купот. На денешниот реванш дуел од 1/4 финалето кој се одигра во Тетово, момците на Деспотовски не само што ја одбранија предноста од првиот меч (2:1), туку и успеаа да го надиграат противникот и да го совладаат овој пат поубедливо, со резултат 1:3.
Вардар денес беше подобриот тим, иако имавме позитива од првиот меч воопшто не помисливме да се браниме на овој дуел. Играа офанзивно црвено-црните, а таквата храбра игра на крајот им донесе и пласман во најдобрите четири екипи од Купот. За само две минути, ја откажавме екипата на Шкендија, дека може да се надева на позитивен резултат на овој реванш дуел. Најпрво во 29 минута Антонио Мирков, а само две минути подоцна и репрезентативниот лев бек на Вардар, Грегори Давков успеаа да му донесат солидна предност на Вардар од 0:2, овој резултат беше и актуелен по првите 40 минути.
Во вториот дел домашниот тим фрли се на една карта, започнаа напаѓачки и во 46 минута успеаа да го намалат резултатот на 1:2, но и во тие моменти беа далеку од елиминација на Вардар. Воопшто не падна нашата игра по примениот гол, знаевме по што сме дојдени на овој меч и одигравме тактички добро и зрело. Ако имаше некакви дилеми на овој дуел за патникот во следната рунда од купот,истите ги разреши Георг Стојановски, кој во 70 минута од мечот постигна гол за предност од 1:3. Така со вкупно 5:2, помладите пионери се пласираа во полуфиналето од купот на Македонија. После Работнички, избраниците на Деспотовски успеаа да елиминираат уште еден силен противник и конкурент за трофејот.
Инаку ова беше вкупно трета победа оваа сезона на Вардар во дуелите со Шкендија, но прва и можеби најголема остварена на теренот на противникот, каде е многу тешко да се игра и да се освојат бодови.
Вардар: Стојковски, Јовановски, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски (c), Стојановски, Мирков, Живков, Давков